Бајден има 12-процентна предност пред Трамп на три недели пред изборите во САД
Си-Ен-Ен денеска јави дека изборите во САД допрва влегуваат во својата завршна, одлучувачка фаза, и дека актуелниот претседател Доналд Трамп се уште има шанси за победа, иако сите анкети покажуваат дека демократскиот претседателски кандидатот Џо Бајден е доминантен во кампањата во однос на неговиот ривал и има забележлива предност.
Анализата на предизборните анкети покажа дека Бајден, во овој момент, е во подобра позиција од кој било претседателски кандидат од 1936 година досега, откако почнаа да се спроведуваат анкети темелени на нова научна методологија на истражување на јавното мислење, јави Си-Ен-Ен.
Според вчера објавеното истражување на Еј-Би-Си Њуз и на весникот „Вашингтон Пост“, Бајден има поддршка од 55 проценти, а Трамп од само 43 проценти од испитаниците.
Ова е трета национална анкета во која Бајден не само што има повеќе од 10 проценти поголема поддршка од Трамп, туку по трет пат има над 50 проценти од гласачите на своја страна.
Ново на Сител
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
