Бајден го повика Нетанјаху да ги заштити цивилите, но не и за прекин на огнот во Газа
Американскиот претседател Џо Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги заштити цивилите во Појасот Газа, но не и за прекин на огнот, јавија странските агенции.
„Бајден вчера имаше телефонски разговор со Нетанјаху. Американскиот претседател побара од израелскиот премиер да ги заштити цивилите“, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се истакнува дека „американскиот претседател ја нагласил критичната неопходност за заштита на цивилното население, вклучително и оние кои придонесуваат во операциите за испорака на хуманитарна помош, и важноста да им се дозволи на цивилите безбедно да ги напуштат областите каде што продолжуваат да се водат битки“.
Претходно Бајден изјави дека не побарал од израелскиот премиер прекин на огнот во Газа. „Денеска имав долг разговор со Нетанјаху и тој беше приватен“, изјави американскиот претседател.
Во одговор на прашање појасни дека не повикал на прекин на огнот. „Не барав прекин на огнот“, рече Бајден.
Израелскиот премиер Нетанјаху изразил благодарност за американската позиција во Советот за безбедност на ОН, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, веројатно мислејќи на резолуцијата на Советот за безбедност донесена завчера за војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, чиј текст беше омекнат за да се избегне американското вето.
Според соопштението, Нетанјаху „јасно изјавил дека Израел ќе ја продолжи војната додека целосно не се постигнат сите негови цели“.
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
