Автокоманда и Ченто се спојуваат со велосипедска патека

Во тек е изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски смета дека со овој чекор, општината ќе се најде на мапата со велосипедски патеки преку кои граѓаните кои што возат велосипед ќе може да се приклучат во овој дел од градот.
Воедно напомена дека паралелно се работи и на друга локација во општината.
-Сакам да ја спомнам и рехабилитацијата на булеварот „Киро Глигоров“ на кој што покрај поставувањето на атмосферската водоводната се прошируваат велосипедските и пешачкитепатеки и на крајот коловозната лента, на тој начин создаваме брзи ефикасни и безбедни користења на нашите улици. Ова претставува еден мал чекор кој беше заборавен четири години, изјави Георгиевски.
На увидот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој истакна дека идејата е да се овозможи инфраструктура преку која граѓаните на алтернативен начин ќе се движат низ градот.
– Градот Скопје во текот на оваа година надмина 100 километри велосипедски патеки. Освен на оваа делница, каде што сме денеска, се работи на велопатеката на булеварот „Видое Смилевски Бато“, како и на велолентите на улиците „Христо Татарчев“, „Рузвелтова“ и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно, рече Шилегов.
Тој ги повика граѓаните во своето секојдневно движење да користат велосипеди или јавен превоз со што ќе придонесат за поздрава животна средина.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев

