-->
-->
Австралија: Маж лови риби додека е на дрон
-->

Австралиската контрола на лет истражува снимки објавени на интернет на кои се гледа маж како лови риби додека е на дрон.
На видеото се гледа како маж виси на седиште што е прицврстено за дрон на неколку метри над езеро во државата Викторија. Летечкиот рибар успева да фати риба додека истовремено пие пиво. Потоа се враќа на брегот каде го дочекуваат одушевени пријатели.
Австралиската мрежа Еј-Би-Си објави дека дронот е дело нд Тим Френч, електричар од градот Санбури.
Портпарол на контролата на лет Питер Гибсон вели дека снимката покажува сериозни безбедносни пропусти.
– Ова е првпат во Австралиjа дрон од домашна изработка да се користи за некој да лета, изјави тој за телевизијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
