Австралија и нуди на Британија договор за слободна трговија

Владата на Австралија и понуди на Велика Британија склучување договор за слободна трговија, откако на референдумот од 23 јуни, мнозинството Британци се определија за напуштање на ЕУ.
Британскиот премиер Тереза Меј ја поздрави понудата од Канбера, означувајќи ја како „многу охрабрувачка и како знак дека Брегзитот може да и донесе успех на Велика Британија“.
- Ова е показател дека новата Влада ќе постигнува успеси, со одлуката за излегување од ЕУ, изјави Меј.
Австралискиот премиер Малколм Тарнбул во телефонски разговор со Тереза Меј рекол дека неговата Влада сака „итно отворање на трговски врски“ меѓу двете земји.
Владата во Лондон, меѓутоа, не може да направи ниту еден билатерален договор додека Британија е се уште членка на ЕУ.
Велика Британија е седмиот најголем тргговски партнер на Австралија и втор по големина инвеститор, после САД.
Премиерот Тарнбул признава дека „сепак, ќе треба време за да се реализира неговата понуда за билатерален договор со Британија“.
Сегашниот трговски договр со Кина се подгтвуваше цели десет години.
Австралија смета дека може, заедно со Нов Зеланд, да склучи комерцијални и имигрантски договори со Владата во Лондон, сега кога Британија не е повеќе членка на ЕУ.
Австралиските конзервативци на кои им приаѓа и Тарнбул ги поддржуваа британските евроскептици во нивната кампања за Брегзит.
Новата британска Влада планира целиот процес на раздружување со ЕУ да се заврши до крајот на декември 2018 година.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
-

Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
