АВМУ: Нови измени на Изборниот законик на само пет дена пред кампања

Собранието на Република Северна Македонија, вчера, на само пет дена пред почетокот на изборната кампања, по скратена постапка и без поширока дебата, донесе измени на Изборниот законик. Целта била меѓусебно усогласување на одредбите од Изборниот законик, но за жал постигнато е токму спротивното и е внесена дополнителна конфузија и контрадикторност на законските одредби, особено во поглед на платеното политичко рекламирање, реагира денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
– Истовремено, одредбите коишто се однесуваат на процентуалната распределба на времето во информативните програми на јавниот радиодифузен сервис и на времето за бесплатно претставување на Собранискиот канал и понатаму остануваат неусогласени и неприлагодени на спецификите на овие избори, се наведува во соопштението на АВМУ.
Агенцијата потсетува дека реагирала во јули минатата година, а и сега останува на ставот дека платеното политичко рекламирање за време на изборните процеси не треба да го плаќаат граѓаните, односно не треба да се одвојуваат средства од државниот буџет за оваа намена.
АВМУ апелира по завршување на изборите да се отвори широка дебата со сите релевантни страни за измени на Изборниот законик.
– Само така соодветно ќе се усогласат законските одредби пред одржување на следните избори, што е во насока на препораките на Венецијанската комисија, според кои суштинските елементи на изборниот закон не треба да се менуваат во период помал од една година пред изборите, додава АВМУ.
Ново на Сител
-

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
