-->
-->
Атлетико не го дава ударниот тандем
-->

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, рекол дека Антоан Гризман и тренерот Диего Симеоне ќе останат во клубот.
Атлетико, во тековната сезона се наоѓа на второто место на табелата со 48 бодови, колку што има и водечката Барселона со натпревар помалку. Овие два тима, в сабота, ќе го одиграат дербито на „Ноу Камп“.
„Гризман е светска ѕвезда. Тој има повеќегодишен договор со клубот и никој нема разговарано за евентуален трансфер. Атлетико ќе му овозможи уште повеќе да напредува во кариерата“, рекол Сересо.
Покрај Гризман, и тренерот Симеоне се споменува во комбинации со некои други тимови, но првиот човек на Атлетико ја отфрла можноста Симеоне да замине во летниот преоден рок.
„Имаме тренер со победнички менталитет. Тој ни овозможи да имаме неверојатни години. Сите сакаат Симеоне да остане. Што е најважно и тој има повеќегодишен договор“, дополнил Сересо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
