Атлетико и Арсенал одиграа без победник во Мадрид

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа вечерва на стадионот „Метрополитано“ нерешено 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони.
Двата гола беа постигнати од пенал. Арсенал поведе во 44. минута преку Ѓокереш, додека Алварез израмни за домаќините во 56. минута.
Со ремито во Мадрид, фудбалерите на Арсенал ја продолжија својата серија без пораз во Лигата на шампиони оваа сезона. Лондонскиот тим на 13 натпревари има 10 победи и три нерешени.
Атлетико Мадрид е во своето седмо полуфинале во елитното европско клупско натпреварување и на реваншот во Лондон ќе се обиде да дојде до своето четврто финале. Во нивните претходни три финалиња (1974, 2014, 2016) загубија три пати. Првиот пат од Баерн, а потоа двапати од градскиот ривал Реал.
Арсенал, од друга страна, втора сезона по ред е во полуфиналето на Лигата на шампиони, а само еднаш играше во финалето, во 2006 година, кога загуби од Барселона.
Арсенал прв се закани кога во 6 минута ударот со глава на Хинкапи по центаршутот на Мадуеке заврши над голот.
Атлетико возврати во 14 минута, Алварез ја прими топката на работ од шеснаесетникот и одлично шутираше, но Раја одбрани. Само една минута подоцна, уследи контранапад на гостинскиот тим, Ѓокереш го проигра Одегард чиј обид беше изблокиран
Кога се чинеше дека првото полувреме ќе заврши без голови, лондонскиот тим дојде во водство. Сè започна со грешка на Алварез, а во продолжението од акцијата, Ѓокереш ја прими топката во шеснаесетникот, Ханко го собори одзади, а судијата Дени Макели покажа на белата точка. Ѓокереш беше прецизен од белата точка.
Атлетико влезе во второто полувреме многу поактивно и можеше да израмни во 48. Минута кога Алварез шутираше од слободен удар од околу 20 метри, погодувајќи ја мрежата, но од надворешната страна. Во 53-та минута, мадридскиот тим имаше две добри шанси, најпрво Лукман шутираше, но Раја одбрани, одбиената топка ја пречека Гризман, но неговиот обид беше блокиран од Габриел.
Три минути подоцна, Атлетико израмни од пенал. Љоренте шутираше, погодувајќи го Вајт во раката. а Макели по сугестија на ВАР собата ја прегледа снимката и досуди најстрога казна. Алварез биеше прецизно за израмнување н на резултатот.
Во 63 минута, домашните можеа да дојдат до резултатски пресврт, но ударот на Гризман заврши во рамката на голот. Во 74 минута, Атлетико имаше уште една одлична шанса, но Лукман шутираше директно во лондонскиот голман. Во 78 минута, холандскиот судија досуди трет пенал. Се чинеше дека Ханко го соборил Езе, но откако Макели ја прегледа снимката, ја промени својата одлука.
Лондонскиот реванш меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се игра на 5 мај, а ден подоцна е на програмата реваншот меѓу Баерн и ПСЖ, откако првиот натпревар во Париз донесе спектакуларен фудбал и триумф на францускиот клуб од 5-4.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
