Атина и порача на Тирана: Пописот 2020 ќе покаже дали се почитуваат правата на малцинствата

Официјална Атина постојано повторува дека на патот кон ЕУ, Албанија ќе биде условена со правата на грчкото малцинство. Се чини дека главниот фокус на Владата на Киријакос Мицотакис е насочен кон пописот во 2020 година.
Ова го наведува тиранската телевизија Топ чанел, пренесувајќи притоа информација од одбележувањето на 29-годишнината од формирањето на друштвото на припадниците на грчкото малцинство „Омонија“.
На свеченоста, одржана во Дервичан, присуствувал и Констандино Власи, претставник на грчката Влада, кој во обраќањето рекол дека транспарентноста на албанската Влада за време на пописот ќе докаже дали се почитуваат правата на грчкото малцинство.
– Транспарентноста од страна на албанската Влада за време на пописот на населението во 2020 година ќе докаже дали се почитуваат правата на малцинствата, додека учеството на малцинствата во процесот ќе гарантира дека ние како заедница нема да ги повториме грешките од минатото, придонесувајќи во намалување на бројот на грчкото малцинство во Албанија, рекол Власи.
Ги повикал присутните да не продолжуваат со нивните грешки со меѓусебни конфликти, туку да се обединат за интересите на грчкото малцинство.
– Микрополитиката треба да се остави настрана и да се фокусирате на оние причини што создаваат единство и решенија, рече тој.
Власи повикал да не се повторуваат грешките при пописот на населението и на имотот на Грците, особено во Химара.
Тој ги повика припадниците на грчкото малцинство, на пописот што албанските власти ќе го спроведат годинава, да се попишат она што се и да ги исправат, според него, историските грешки направени на штета на грчката заедница пред повеќе години.
На свеченоста присуствувале и грчкиот амбасадор во Тирана, грчкиот конзул во Ѓирокастро, грчки пратеници од различни партии, митрополитот на Ѓирокастро и претседателот на Партијата за заштита на човековите права (партија на албанските Грци) Ванѓел Дуле.
Ново на Сител
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
