Арсовска Томовска на конференција за реформа на јавната администрација во Виена

Реформата на јавната администрација е битен фактор за одржлив економски развој и подобар животен стандард, нагласи министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на конференцијата „Управување во јавниот сектор како основа за Европска интеграција“, што се одржа во изминатите два дена во Виена.
Како што соопшти денеска Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА), Арсовска Томовска на конференцијата го претстави искуството на Македонија за реформите во јавната администрација за професионално, ефикасно и транспарентно испорачување подобри услуги за граѓаните.
- Во изминатите неколку години Владата на Република Македонија преку МИОА спроведе низа активности и имплементираше закони и мерки со цел подобро креирање јавни политики, инклузивни консултативни процеси, отчетност, отворени податоци, дигитална трансформација, рече Арсовска Томовска, нагласувајќи дека со јасен план, силно лидерство, напорна работа и соработка, јавната администрација може да се прилагоди на брзото менување на потребите во општеството.
Министерката укажа и на воспоставувањето на Регистарот за вработените во јавниот сектор и донесувањето на законите за вработени во јавниот сектор, за административни службеници, за општата управна постапка, како и системот за интероперабилност. На почетокот на годинава, информира, почнавме и со изготвување на новата стратегија за реформа во јавната администрација за периодот 2016-2021, која, посочи, заедно со нејзиниот акциски план ќе претставува солидна стратешка рамка за продолжување по патот на реформите.
На конференцијата во Виена учествуваа претставници од централната и локалната власт од земјите од Западен Балкан, како и од земјите - членки на Европската Унија кои имаа можност да разменат искуства и мислења во однос на јавната администрација и доброто управување. Меѓу говорниците беа и Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка, Кори Удовички, потпретседател на српската Влада, австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, како и еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан.
Конференцијата ја организираа австриското Министерство за надворешни работи и европска интеграција, градот Виена и Советот за регионална соработка.
Ново на Сител
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
-

Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер
