Арсовска: Темелите на новото Скопје беа темели на солидарност и соживот

Верувам дека темелите на новото Скопје беа темели на солидарност и соживот, а новото Скопје се темели на пријателство и нови модерни ветришта, порача вечерва градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на отворањето на изложбата насловена „За Скопје со срце од целиот свет“ во Младинскиот културен центар – МКЦ во рамки на одбележувањето на 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
– Денеска се сеќаваме на катастрофалниот земјторес, кој токму на овој ден го спомнуваме и сакаме да го посветиме на над 1000 загинати и над 1000 повредени наши сограѓани кои беа жртви, а беше причинета и голема материјална штета како резултат од големиот земјотрес, рече Арсовска.
Во тоа време и покрај големата трагедија, како што нагласи таа, успеавме да видиме како знаат народите да се соединат, да ја покажат својата солидарност, да демонстрираат соживот и како да помогнат тогаш кога е најпотребно.
– Овој ден да се сеќаваме како кога ни е најнеопходно ни помагаат оние кои ни се пријатели, рече Арсовска.
Градоначалничката им додели признанија на семејствата на двајца пожртвувани граѓани кои во тешките моменти на катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје презеле мерки за да се намалат последиците. Станува збор за семејствата на Максим Стојановиќ и на Велин Јорданов.
Ново на Сител
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
