-->
-->
Апсење во Гостивар - полицијата приведе три лица
-->

Полициски службеници на СВР Тетово - Полициска станица Гостивар, на 29.10.2019 околу 12.30 часот на ул.„Иљо Антевски-Смок“ во Гостивар ги лишиле од слобода С.Р.(56) од Скопје и А.М.(40) и Х.А.(68), двајцата од Приштина, Република Косово, кои во периодот од 10 до 12 часот, на гостиварскиот голем пазар извршиле џепни кражби на М.М.(68) од гостиварското село Форино и Б.Ш.(70) од гостиварско Дебреше. Тројцата кои се сомничат за десетина извршени кражби на паричници на гостиварското подрачје се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
