-->
-->
Апсење на граничниот премин „Деве Баир“
-->
Македонската полиција уапси турски државјанин на граничниот премин „Деве Баир“. Според инфоремациите на полицијата вчера во 16.25 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ допатувал К.Г.(46) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Рено“ со турска национална ознака и полуприколка „Тирсан“ со турска национална ознака.
При увид во меѓународните зелени карти за осигурување било констатирано дека се со различна боја од оригиналната, дека сериските броеви биле испечатени на принтер, односно дека се фалсификувани.
Лицето било лишено од слобода и во 18.30 часот со потврда за предавање лице било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
