Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски

Апелацискиот суд Скопје информира дека по одржана нејавна седница по кривичниот предмет, во јавноста познат како „Талир“, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски.
Пресудата, како што се посочува, е донесена по одржана нејавна седница на 26 август годинава и разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје.
-При постапувањето и одлучувањето судот оцени дека преземените дејства од страна на обвинетиот Н. Г. од С., како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии. Во текот на постапката Основното јавно обвинителство Скопје, како овластен тужител, не докажал надвор од разумно сомневање дека ГП „Бетон“ имал својство на субјект кој во моментот на склучување на договорите со политичката партија вршел јавни услуги во смисла на горенаведениот закон, така што не постоела законска забрана за донирање средства од негова страна на политичката партија ниту, пак, постоела обврска на обвинетиот како одговорно лице на политичката партија тие средства да ги врати - се вели во соопштението од Апелација.
Одлуката на Апелацискиот суд Скопје, по конкретниот предмет, која ќе биде достапна во целост на веб-страницата на судот, во согласност со Законот за судовите и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, за што, како што најавуваат, јавноста ќе биде дополнително известена.
Основниот кривичен суд Скопје на 14 јули годинава го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
МИА
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
