Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства

Клиниката за пластична хирургија, во соработка со Министерство за внатрешни работи ја финализираше едукативната кампања во средни и основни училишта за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на петарди, што се одвива под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“.
Како што соопшти Министерството за здравство, лекарите од Пластична хирургија посочуваат дека во изминатите години се сведоци на животозагрозувачки повреди настанати при експлозија на петарди.
-Петардите не се играчка, нивното користење е забрането, и можат да предизвикаат сериозни повреди на очите, на дланките, изгореници и тешки повреди на телото од недозволено користење пиротехнички средства, се наведува во соопштението.
Министерот за здравство Азир Алиу по тој повод упатува апел до јавноста да не се користат пиротехнички средства за празниците затоа што, вели, може да доведат до сериозни последици по здравјето и до траен инвалидитет.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
