Апел: Исчезна средношколка од струмичко, родителите бараат помош да ја најдат Мануела
Полицијата потврди дека завчера околу 07.30 часот од својот дом во непознат правец се одалечило седумнаесетгодишно девојче од струмичкото село Пиперово. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Родителите на младата девојка Мануела Пандева на која од завчера утрото и се губи секаква трага преку социјалните мрежи упатија апел до граѓаните да помогнат да се пронајде девојчето. Мануела е родена 1999 година и живее во струмичко Пиперево . Откако вчера утрото во 7:30 излегла од својот дом за училиште (девојката е 3-та година во „Димитар Влахов “ ) се упатила во непознат правец.
Нејзините пријателки не ја виделе тоа утро, а Мануела не била ни во училиште. Исчезнувањето во полиција веднаш го пријавил нејзиниот татко кој не информираше и дека сигналот на телефонот и се губи во 5 часот откако цел ден не одговарала на повиците. Мануела од дома била облечена во тексас палто, фармерки и патики.
Се молат сите кои имаат било каква информација да пријават на следниот број 070 348 580.

Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
