-->
-->
Анже домаќин на шампионот П.С.Ж.
-->

Во фудбалското првенство на Франција, од вечерва до четврток ќе се играат натпреварите од 15.коло во Лига 1.
На отворањето ќе се игра и дерби мечот во кој, најпријатното изненадување сезонава екипата на Анже која е на третото место на табелата го пречекува актуелниот шампион и лидер на табелата Париз Сен Жермен. Овој меч ќе се игра вечерва од 19 часот, термин во кој ќе започне и натпреварот Лориен – Ница, додека од 21 часот ќе стартува дуелот меѓу Нант и Олимпик Лион.
За утре закажани се натпреварите: Монако – Кан, Монпеље – Ајачо, Гингамп – Ремс, Бастија – Бордо, Tроа – Тулуз (од 19 часот) и Лил – Сент Етијен (од 21 часот).
Колото ќе го заокружат Рен - Олимпик Марсеј со средбата која на програмата е во четвртот од 21 часот.
Табела:
Париз Сен Жермен 41 бодови,
Кан 28,
Анже 26,
Олимпик Лион 25,
Сент Етијен 25,
Ница 24,
Монако 24,
Рен 22...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
