Антонов: Обука на украински војници во САД е доказ за американската вмешаност во украинскиот конфликт

Американските планови за обука на украинските војници за користењето на ракетните системи „Patriot“, првенствено наменети за противвоздушна одбрана, е уште еден доказ за учеството на САД во украинската војна, изјави во вторникот рускиот амбасадор во Вашингтон.
„Одлуката на американското Министерство за одбрана да организира обука во Форт Сили во Оклахома, е уште една потврда за де-факто учеството на Вашингтон во конфликтот во Украина на страната на киевските нацистички злосторници“, изјави амбасадорот Анатолиј Антонов во соопштението што го објави амбасадата.
Антов притоа посочува дека вистинската цел на американската дипломатија е „со рацете на Украинците да ѝ се нанесе што поголема штета на Русија на бојното поле.
Претходно во вторникот американски функционер кој за Reuters зборувал под услов да остане анонимен, рече дека обуката на украинските војници за користење на системите „Patriot“ ќе се одвива следните седмици.
САД во декември одлучија да ѝ додела на Украина нов пакет воена помош во висина од 1,85 милијарди долари, а кој првпат ќе ги вклучува системи за противвоздушна одбрана „Patriot“, како што истакна тогаш американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека тоа е потребно за Киев да дојде до што подобра позиција во преговори „кога ќе дојде времето“ за тоа.
Аналитичарите од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (CSIS) минатата седмица објавија процена дека се очекува батеријата „Patriot“ да ѝ биде испорачана на Украина во текот на февруари 2023 година.
Останува нејасно чии воени екипажи ќе дејствуваат со овие скапи и софистицирани системи во Украина, односно дали за тоа веќе биле обучувани украински војници, бидејќи во вообичаени услови станува збор за сложена повеќемесечна обука.
Русија во неколку наврати ги предупреди САД дека предавањето на ваквите напредни системи оружје на Украина само водат кон ескалирање на воените судири и продолжување на страдањето на луѓето од двете страни на боиштето. Уште кон средината на декември портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот со новинарите предупреди дека системите „Patriot“ ќе бидат легитимна мета на руските сили веднаш штом ќе бидат детектирани на украинска територија.
Ново на Сител
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
-

Поголем дел од државава со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари
-

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
