Антисемитизмот и натаму живее во Европа

Антисемитските стереотипи и натаму живеат во европа и се повеќе зајакнуваат, додека сеќавањето на Холокаустот почнува да бледее, покажа истражување на Си-Ен-Ен.
Повеќе од една четвртина од анкетираните Европејци сметаат дека Евреите имаат преголемо влијание во деловниот и финансискиот сектор, а во просек еден од четворицата испитаници веруваат дека Евреите на некој начин влијаеле на појава на војни и конфликти низ целиот свет.
Една петтина од испитаниците сметаат дека Евреите со своите постапки влијаат врз медиумите и дека имаат прегоелмо влијание на политичката сцена, додека една третина од Европејците знаат малку или не знаат ништо за Холокаустот и масовното убиство на шест милиони Евреи за време на нацистичкиот режим и владеењето на Адолф Хитлер во 30-тите и 40-тите години на минатиот век.
Ова се некои од најважните резултати од анкетата што за Си-Ен-Ен ја спроведе фирмата КомРес.

Анкетата покажува дека жителите на Европа имаат комплицирани и контрадикторни ставови кон Евреите.
Еден од 20 испитаници никогаш не слушнал за Холокаустот, иако од крајот на Втората светска војна помина нешто повеќе од 70 години, а некои жртви на Холокаустот се живи и денес.
Најмалку за овој ужасен настан знаат во Франција, каде што една петтина од младите на возраст од 18 до 34 години „никогаш не слушнале за Холокаустот“.
Во Австрија, родното место на Адолф Хитлер, 12 отсто од младите никогаш не слушнале за Холокаустот, додека четворица од 10-те возрасни лица рекле дека малку знаат за овој настан.
Мнозинството Европејци или 54 отсто сметаат дека Евреите имаат право на сопствената држава, но една третина од испитаниците веруваат дека Евреите манипулираат со ужасите на Холокаустот со цел да оправдаат некои од нивните политички постапки.

Иако мнозинството анкетирани се согласуваат дека јакнењето на антисемитизмот е општествен проблем, 28 проценти од испитаниците веруваат дека за тоа придонеле самите Евреи и политиката на Израел.
Речиси една петтина испитаници сметаат дека Евреите со нивното секојдневно однесување се виновни за зголемување на антисемитизмот во нивните земји.
Мал број испитаници, односно 10 проценти признаваат дека имаат негативен став кон Евреите, меѓутоа во некои земји овие бројки се уште повисоки, па така своите антисемитски чувства ги признале 15 отсто од испитаниците во Полска и 19 проценти во Унгарија.
Две третини од испитаниците погрешно го проценуваат вкупниот број Евреи, мислејќи дека тие се многу побројни од нивната вистинска бројка. Така, една четвртина од Унгарците сметаат дека Евреите сочинуваат 20 отсто од вкупното население во светот, а слично мислење имаат и по една петтина од Британците и Полјаците.
Ново на Сител
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
-

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
-

Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски
-

Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5% во април, тоа е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее
-

Мицкоски за најавените преговори на ЕУ со Украина и Молдавија: Опозицијата во овие две земји не работи против своите граѓани и влади
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
