Анкета: Гласачи од ЕУ не сакаат великодушен договор на ЕУ со Лондон

Гласачи во Германија, Франција, Шведска и Финска сметаат дека на Велика Британија не треба да и се понуди дарежлив договор кога ќе се обидува повторно да преговара за врски со Европската унија, се вели во резултати од анкета.
Германци и Французи најмногу се противат на помош за Британија по напуштањето на ЕУ – 53 отсто анкетирани во тие две држави сметаат дека за Лондон не треба да се дадат никакви отстапки, а дека ЕУ треба да и даде на Британија великодушен договор сакаат 27 отсто анкетирани, објави ЈуГов.
Речиси половина анкетирани во тие две држави поддржуваат договор за слободна трговија со Британија само ако Лондон се согласи и понатаму да дозволи граѓани од ЕУ да живеат и работат во Велика Британија.
Од пет европски држави опфатени со анкетата на ЈуГов, само гласачи во Данска биле за понуда за великодушен договор со Британија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
