Анкара нареди апсење на Ѓулен поради убиство на руски дипломат

Турција издаде налог за апсење на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД и на уште седум лица, под обвинение за убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов.
Амбасадор Карлов беше убиен на 19 декември 2016 година во Анкара од страна на 22-годишен турски полицаец, кој изјави дека злосторството го извршил како „одмазда за руската вмешаност во сириската војна“. Карлов беше убиен додека се обраќаше на отворањето на една изложба во Анкара. При убиството напаѓачот извикна „Алах акбар“ и „Не заборавајте на Алепо“, мислејќи на руското мешање во внатрешните работи на соседна Сирија.
Турската полиција го ликвидира ѕниецот на местото на настанот.
Тогаш, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека убиството на рускиот амбасадор во Турција било изведено со цел да им наштети на руско-турските односи, но дека тоа нема да се случи.
Веста за наредбата за апсење на Ѓулен, доаѓа еден ден пред посетата на Путин на Истанбул, каде ќе има средба со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган и со претседателот на Иран, Хасан Рохани.
Турција, Русија и Иран се гаранти на сириските мировни преговори во Астана, со кои се воспоставени т.н. „зони на деескализација“ во Сирија.
Ново на Сител
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
