Анѓушев: Дигитализација за поголема конкурентност на компаниите

Истражувањата покажуваат дека дигитализацијата на компаниите е корисен процес и дека оние компании кои спровеле дигитална трансформација прикажуваат раст од 26 отсто, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во обраќањето на панелот „Живееме во дигитално време: Визии и реакции на инвеститорите“ на „Виенскиот економски форум: Дијалог за иднината“.
- Во овој момент дигиталното работење на компанииите од Република Македонија и од Западен Балкан изнесува во просек 10 отсто од вкупното работење на компаниите, но позитивно е тоа што 63,3 отсто од фирмите сметаат дека дигитализацијата претставува можност за унапредување на нивниот начин на работа и токму тука се гледа потенцијалот од натамошна дигитализација на стопанството, порача Анѓушев.
Сопствениците на компаниите, додаде, мора да бидат свесни дека ако сакат да бидат конкурентни на меѓународните пазари, нивните компании мора да бидат во чекор со процесот на дигитализација.
- Тоа не е само начин на живеење или тренд, дигитализацијата е предуслов да бидете дел од економските односи, во спротивно сте надвор од играта. На бизнисот му требаат реални податоци во реално време, а тоа е само дел од она што дигитализацијата го овозможува. Владата на Република Македонија силно го поддржува овој процес, особено кај малите и средните претпријатија. Со комплетирање на процесот на дигитализација во компаниите, се намалуват трошоците, компаниите стануваат ефикасни и ефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.
Економскиот форум се одржува денес во Новаматик центарот во Виена, а на него присуствуваат голем број на претставници од бизнис заедницата во Република Австрија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
