Андријана Јаневска со оваа објава ги замисли сите

Пејачката и професорка по музика, Андријана Јаневска преку својот статус на Фејсбук ги натера своите пријатели и следбеници да размислат за суштината на животот.
Да повториме, како себеси се терам да размислувам позитивно:
Кога Димитар ќе расфрла во истата минута кога сум исчистила, помислувам како некои жени се’ би дале само за да почувствуваат како е да се биде мајка.
Кога долго чекам на семафор во кола, помислувам како некој воопшто нема кола.
Кога некој студент нема да најави отсуство, наместо да чекам до другиот час, излегувам на прошетка без никаква цел (која, кога би дошол студентот не би си ја дозволила). Тогаш сфаќам дека и услуга ми направил.
Кога ќе се разболи некој од синовите, помислувам дека тие болести се минливи, дека има лек и дека ќе оздрават.
Кога имам многу обврски, помислувам како ќе можам да си дозволам да му ја купам на Димитар колата што ми ја збори со месеци.
Кога нема да имам обврски, помислувам колку е убаво што сум постојано со децата.
Поентата е никогаш да не се споредуваме со оние кои имаат повеќе од нас, зашто веројатно секогаш ќе имаат повеќе и секогаш ќе бидеме фрустрирани и несреќни, а почесто да ни текнува дека има многу луѓе кои имаат помалку. Да бидеме среќни со она што го имаме, оти на крај, само тоа е и поентата: да живееме среќно.
Ново на Сител
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
