Американските специјални сили наскоро во Сирија

Десетина припадници на американските сили за специјални операции наскоро ќе пристигнат во Сирија, како што вети администрацијата на претседателот на САД Барак Обама, соопштија денеска претставници.
- Многу брзо ќе дојдат, изјави Брет Мекгарк, специјален пратеник на Обама на меѓународната коалиција, која ги бомбардира положбите на ИД во Сирија и Ирак.
Мекгарк во емисијата „Фејс д нејшн“ на Си-Би-Ес рече дека силите ќе имаат задача да ги организираат локалните сили кои се борат против борците на ИД на северот на Сирија.
На крајот на октомври Обама одобри дека групата, која нема да брои над 50 специјалци, ќе биде распоредена во Сирија. Тие нема да учествуваат во борбите, туку ќе имаат улога на советници да помогнат во координацијата на локалните сили.
Тоа ќе биде прво официјално распоредување на американски сили на терен во Сирија од формираната меѓународна коалиција против ИД.
Ново на Сител
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
