Американците не смеат да патуваат во Северна Кореја

Стапи во сила забраната за американските државјани да патуваат како туристи во Северна Кореја.
Забраната е воведена по смрта на 22-годишниот американски студент Ото Вармбир, кој беше уапсен и осуден во Пјонгјанг, затоа што кај него бил најден пропаганден плакат на севернокорејската комунистичка партија.
Вармбир подоцна беше ослободен, како што беше речено од „хуманитарни причини“, но се врати во САД во кома и по кусо време минато во болница, почина.
Во денешното соопштение на Стејт департментот се вели дека забраната за патување во Северна Кореја била неопходна, поради „сериозниот и голем ризик“ за Американците да бидат уапсени и осудени.
Секој што нема да ја почитува оваа мерка, ке стори кривично дело, а ке ризикува да му биде одземен и американскиот пасош.
Дозвола за патување и престој во Северна Кореја ќе се дава само во многу ограничени околности, главно за новинари и за лица вклучени во хуманитарна работа.
Околу илјада американски државјани, секоја година престојуваат во оваа земја, од вкупно пет илјади туристи и посетители од Западот. Најголемиот број странски туристи се Кинезите.
Туроператорите вчера ги повлекоа од Северна Кореја последните Американци кои беа на територијата на оваа земја.
Ново на Сител
-

СП 2026: Канада прв осминафиналист
-

Едно возило се преврте во тешка сообраќајка утринава, повредени повеќе лица
-

Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
-

Министерот Трипуновски ќе потпише грант од два милиони долари со Светска банка
-

Шабан Салиу ќе даде отчет за досегашните активности, постигнатите резултати и идните приоритети
-

Литванскиот министер за надворешени работи Кестутис Будрис во официјална посета на Македонија
-

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
