Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Американската мултинационална компанија Амазон блокира повеќе од 1.800 пријави за работа под сомнение дека се поднесени од севернокорејски агенти.
Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети.
– Нивната цел е обично едноставна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги пренасочат заработките за финансирање на програмите за вооружување на режимот, наведе Шмит, додавајќи дека тоа е широко распространета пракса низ цела индустрија, особено во САД.
Американските и јужнокорејските власти претходно предупредија дека оперативците од Пјонгјанг вршат онлајн измами.
Шмит посочи дека Амазон изминатата година забележал речиси една третина повеќе апликации за работа поврзани со севернокорејски државјани.
Тој додаде дека овие оперативци обично работат со луѓе кои управуваат со така наречени „фарми на лаптопи“ или компјутери физички лоцирани во САД, но контролирани од далечина од странство.
Шмит наведе дека Амазон користи комбинација алатки засновани на вештачка интелигенција за проверка на апликантите.
Американските власти во јуни соопштија дека открила 29 „фарми на лаптопи“ нелегално управувани од севернокорејски ИТ работници низ САД.
Според Министерството за правда на САД, овие случаи вклучуваат употреба на украдени или фалсификувани идентитети на американски граѓани за да им се овозможи на севернокорејските граѓани да се вработат во САД. Министерството, исто така, ги обвини американските посредници кои помогнале во обезбедувањето на овие работни места.
Во јули, жена од Аризона беше осудена на повеќе од осум години затвор за водење „фарма на лаптопи“ и помош на севернокорејските ИТ работници да добијат работа од далечина во повеќе од 300 американски компании. Министерството за правда на САД соопшти дека шемата генерирала повеќе од 17 милиони долари нелегална добивка за неа и за Пјонгјанг.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
