Аманатидис: Се наоѓаме на средина од преговорите

Бараме комплетно решение за сите прашања, климата е добра, се наоѓаме на средина од преговорите, вели грчкиот заменик министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис, во интервју за грчкото радио „Реалфм“.
- Сакаме да биде комплетен договор што ќе ги вклучува и името и кратенките и иредентизмот и уставната ревизија. Договор што нема во иднина да остава отворени прашања кои може да станат поле на конфликти. Сакаме комплетно решение што ќе стави крај на овие прашања. Многумина сакаат да оценат дали одиме на „blame game“ или навистина одиме кон договор. Се наоѓаме на средина од преговорите и мислам дека климата е многу добра, направени се поклопувања, многу е позитивна климата, но и моментот, вели Аманатидис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, заменикот на Коѕијас вели дека средбата во Охрид е клучна и важна, а разговорите се продолжение на она каде што застанале двајцата министри во Виена на 30 март каде што „за едни прашања имаше приближувања, а за други детални разговори“.
Аманатидис во интервјуто за грчкото радио вели дека во иднина може да има политички промени кои независно од меѓународните договори, може да речат дека решението е неуставно, па затоа Атина бара договорот да вклучува и уставна ревизија.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
