Алонсо: Доста е!

Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо ги потврди шпекулациите дека ја игра последната сезона во богатата фудбалска кариера.
Чаби Алонсо, најавуваше уште од почетокот на годината дека ќе се пензионира, а во четвртокот, на Твитер потврди дека ова е неговата последна сезона како активен фудбалер.
„Ти живеев. Те сакав. Збогум преубав спорту“.
Набргу на оваа социјална мрежа се огласи и претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
„Баерн сака да му се заблагодари на брилијантниот фудбалер кој совршено го следеше патот на Баерн на теренот и надвор од него. Чаби Алонсо е еден од фудбалските великани. Освоил се што можел да освои во кариерата. Над се тој е прекрасна личност, вистински фудбалски џентлмен“, напишал Румениге.
Кариерата, Алонсо, ја започна во 1999 година во Реал Сосиедад, по четири години во тимот од „Аноета“ се сели во Ливерпул, а во 2009 година, а сума од 30 милиони фунти го облече дресот на Реал. Пет години подоцна Пеп Гвардиола го донесе во Минхен.
Чаби Алонсо во кариерата има европска и светска титула со шпанската репрезентација, а Лигата на шампионите ја освоил со Ливерпул и Реал.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
