-->
-->
Алкалоид со позитивни финансиски резултати
-->

Фармацевтската компанија „Алкалоид АД“ успешно ја почна 2017 година. Во првиот квартал оствари позитивни финансиски резултати, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопштија од компанијата.
Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите е зголемена за 11 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред оданочување пак бележи зголемување од околу 12 отсто.
Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби се за 10 отсто зголемени споредба со истиот период од минатата година.
Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 11 отсто, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 9 отсто.
Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 30 отсто, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 8 отсто, во земјите од Западна Европа се остварени 23 отсто и на останатите пазари се остварени 1 отсто од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст на извоз има во Велика Британија, Русија, Романија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Албанија итн.
Вкупните инвестиции во основни средства во првиот квартал изнесуваат 128 милиони денари, а реализирани 30 нови вработувања, стои во соопштението од Алкалоид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
