Алијанса за Албанците: Немаме најниски цени на горива, туку најниски плати
Премиерот Ковачевски и повеќето министри, па дури и Бујар Османи, деновиве трубеа дека Северна Македонија има најевтини цени на горивата во регионот. Ова е скандалозна манипулација и воопшто не кореспондира со реалноста што ја доживуваат граѓаните и домаќинствата.
За да се утврди дали цените на горивата се евтини или не, тие треба да се споредат со просечната нето плата на една земја. Северна Македонија има поевтина цена за центи во споредба со земјите во регионот, но има помала плата која дистигнува до двојно. За споредба, просечната нето плата во Северна Македонија е 486 евра, додека во Босна 515 евра, во Црна Гора 527 евра, во Србија 634 евра и во Хрватска двојно повисока или 962 евра. Според овие официјални податоци, цената на горивото варира од 5 до најмногу 15 отсто или неколку центи, додека просечната плата варира од 30 отсто до 100 отсто или стотици евра.
За да имаме појасна вредност на цената на горивата и просечната плата, потсетуваме дека во Северна Македонија со просечна нето плата може да се купуват 342 литри дизел, додека во Бугарија 456 литри, во Србија 409 литри, во Грција 655 литри и во Хрватска 656 литри дизел.
Алијансата за Албанците ја повикува Владата уште еднаш итно да ги намали акцизата и ДДВ-то за горивото и да стави крај на грабежот на граѓаните во услови на криза.
АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
