Али Ахмети:Ние ќе бидеме партнери со сите прогресивни сили во земјава и странство

Без оглед дали ќе има избори на 24 април или потоа ние останеме партнери со сите прогресивни сили како во земјава така и со странските, со овие зборови лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети на собир во Гостивар им се обрати на сопартијците во освртот кон најавените парламентарни избори.
- Нашата партија е најдобро организираната партија и го во целост ги застапува интересите на албанците. Од кога постоиме, албанците се чувствуваат послободни, градат споменици и еве набрзо ќе добијат и втор универзитет. Затоа сакаме пред вас како електорат да ви преставиме како работиме и што сработивме. Горд сум што сум бил со луѓето кои не плашат и кои сакаат да победуваат. Ние победуваме затоа што ја имаме вашата доверба, рече Ахмети на собирот.
Ахмети со партиското раководство, министри во владата на РМ, пратеници, градоначалници на општини и други функционери присутвува на собир во спортската сала Младост на кој беа презентирани проектите кои биле реализирани во текот на нивното учество во власта.
На презентацијата беше кажано дека ДУИ со учеството во власта реализирале над илјада проекти со вредност од две милијарди евра, од кои 864 проекти за завршени, а уште 150 се во фаза на реазлизација.
Пред сопартијците, од говорницата се обратија и шефот на изборниот штаб Беким Незири, министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, партеникот Таљат Џафери и градоначалниците на општините Гостивар и Желино.
Ново на Сител
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
