Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

Албанскиот парламент доцна синоќа со 77 гласови „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“, го усвои законот за родова еднаквост.
Според образложението Законот има за цел да го хармонизира албанското законодавство со стандардите на Европската Унија за човекови права и еднаков третман на жените и мажите.
-Новиот закон има за цел да ја подобри постојната законска рамка за да обезбеди еднакви можности во вработувањето, образованието, застапеноста во процесот на донесување одлуки и заштита од каква било форма на дискриминација врз основа на пол, се додава во образложението.
Законот, за кој гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предвидува нови институционални механизми за ефикасно спроведување на стандардите за еднаквост и зајакнување на улогата на одговорните институции.
Против донесувањето на законот освен опозицијата, беа и верските заедници, а протести организираа граѓански здруженија, оценувајќи дека е „закана за албанското традиционално семејство“.
МИА
Ново на Сител
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
-

Времето денеска променливо облачно со дожд
