Албанскиот брод „Орику“ спаси 110 илегални мигранти во Егејско Море
![]()
Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, при патролирање во водите на Егејско Море, во четири одделни акции спаси 110 илегални мигранти, кои се наоѓале во моторни чамци.
Веста на својот профил на Фејсбук ја објави министерката за одбрана Олта Џачка.
-Придонесот на нашите маринци во изминатите три години,како дел од мисијата на НАТО „Sea Guardian“ е многу поголема од ова. Бродовите и нивните екипажи реализираа илјадници часови патролирање и спасија околу 3.000 деца,жени и мажи, наведува Џачка.
Бродот„Орику“ само во текот на изминаитот месец во водите меѓу Турција и Грција, во неколку одделни акции спаси над 300 имигранти од Сирија, Ирак, Авганистан и Палестина. Албанија, дел од мисијата на НАТО во Егејско Море стана во 2016 година од кога во неговите води пловат и албанските бродови „Бутринти“ и „Лисус“.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
