Албанската полиција заплени поголемо количество мархуана и хероин
Албанската полиција во две одделен акции во последното деноноќие заплени половина тон марихуана и над 11 клограми хероин.
Крајна дестинација на дрогата бил италијанскиот нарко пазар.
Во денешната акција полицијата од приморски град Валона, заплени 500 клограми марихуна. Дрогата била натоварена на моторен чамец, подготвен за испловување, во близина на Петролифера. Во него имало и амбалажирана вода за пиење, храна и гориво.
Претходно, синоќа полицијата од пристанишниот град Драч заплени 11килограми и 395 грама хероин, скриени во кабина на камион.
Возилото транспортирало конфекциски производи и требало да влезе во траектот што сообраќал на релација Драч-Анкона. Уапсен е возачот на камионот, албански државјанин, а истрагата е проширена и во Италија.
Ново на Сител
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
