Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации

Албанија ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, додека иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации, со што Албанија се усогласува со стратешките сојузници, за што Парламентот ќе усвои резолуција идната недела.
Ова попладнево на прес-конференција го изјави премиерот Еди Рама, додавајќи дека „секако, ние не сме пионери во овие чекори, бидејќи имало сојузници кои го правеле тоа и претходно, но време е и ние да го сториме ова“.
Веднаш потоа Координаторот на пратеничката група на владејачката Sоцијалистичка партија, Таулант Бала потврди дека во име на групата на СП, поднел Нацрт-резолуција за која владејачкото мнозинство има за цел да ја поддржи со гласање во собранието, незвисно од политичката припадност.
Албанскиот премиер ја повтори, како што рече, единствената позиција на Албанија со стратешките сојузници по прашањето на нападите на САД и Израел врз Иран, како и поддршката за пријателските земји во регионот на Блискиот Исток.
Албанија во почетокот на септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран, и ги протера иранските дипломати, откако го обвини Иран дека во текот на летото, истата година, извршил масовен кибернапад врз државни институции на земјата.
Деновиве иранската група “Татковинска правда“ ја хакираше целосната комуникација на албанскиот парламент. Во пораката објавена на Телеграм се наведуваше дека „сите разговори и преписки на корумпираните членови на парламентот во текот на изминатите неколку месеци се во рацете на групата“. Во пораката беше истакнато: Ние сме многу поблиску до вас отколку што мислите. Дали навистина ги засолнивте тие убијци на деца? (се однесува на засолнетите над 3000 муџахедини во камп во близина на Драч). Ќе се погрижиме овој срам да остане со вас засекогаш“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
