„Акуведр“ објави: Зима каква што немаме досега видено

- „Акуведр“ (AccuWeather) објави долгорочна прогноза за претстојната зима, која се однесува на декември, јануари и февруари.
На самиот почеток на зимата, Северна Европа и делови од Западна Европа ќе бидат погодени од силни бури, кои ќе донесат обилни врнежи, соопшти „Акуведр“. Температурите на почетокот на зимата нема да бидат под просекот, но затоа, крајот на зимата, посебно во февруари ќе донесе поостри временски услови.
Подрачјето од југот на Шпанија, од Италија па се до Балканскиот Полуостров, очекува зима со количество на врнежи помало од просечните.
- Помалите количества врнежи од вообичаените за зимските месеци ќе ја зголемат можноста за суша, но и опасност од пожари на подрачјето од југот на Шпанија до Балканскиот Полустров, наведуваат прогнозерите.
- Додека зимата на северот на Европа ќе биде обележана со поголемо количество врнежи, на подрачјето на Балканот не се очекуваат чести и долги периоди на дожд, што ќе доведе до продолжување на периодот на суша. Тоа не значи дека на ова подрачје воопшто нема да врне дожд за време на зимските месеци, туку количеството врнежи ќе биде помало од просекот, прецизираат од „Акуведр“.
Оваа зима на Балканот не се очекуваат многу снежни бури, а тие ќе бидат ретки и краткотрајни. најголеми шанси за снежни бури ќе има во втората половина на зимата, односно кон крајот на јануари и почетокот на февруари.
Бројни бури ќе го погодат подрачјето на Велика Британија, Франција, Полска и Германија, посебно во декември и почетокот на јануари. Силни ветрови и обемни врнежи ќе создаваат проблеми во сообраќајот, а можни се и поплави во тие области.
Жителите на централна Европа на вистинска зима ќе треба да чекаат се до 2018 година, односно до крајот на јануари. Обилни снежни врнежи се очекуваат дури во февруари.
Балтичките држави, за разлика од останатиот дел на Европа, ќе имаат вистинска зима, со долги периоди на ниски температури. Првиот снег се очекува уште во декември, а снежни бури ќе има во текот на целата зима.
Ново на Сител
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
