Активности за почитување на човековите права во Неготино

Низа активности за почитување на човековите права беа спроведени во организација на Сојузот на невладини организации „Вавилон“ од Неготино, во соработка со основното училиште „Гоце Делчев” од овој град.
Сојузот годинава беше по седми пат еден од илјадниците поддржувачи на движењето на Луѓето од фудбалот или популарно кажано Fare Football People. Се работи за социјална кампања фокусирана на фудбалот, насочена кон справување со сите бариери ки ги исклучуваат луѓето и заедниците. Во деновите од 5 до 19 октомври, професионални клубови и играчи, аматерски играчи на трева и илјадници други на социјалните медиуми ја слават моќта на фудбалот, за да ги обединат луѓето и да ги слават разликите.
- Инспириран од меѓународно движење на повеќе од 100.000 луѓе, Сојузот се вклучи со отворен перформанс за човекови права и промоција на ФАРЕ неделите на акција низ игра. Целта на настанот беше преку едукативно забавен и спортски уличен перформанс, да се направи промоција на човековите права, посебно на правото на недескриминација. Исто така преку делење на промотивен материјал, јавноста се запозна со значењето на ФАРЕ неделите на акција и нивното одбележување, изјавија претставници на Вавилон Неготино.
Извршниот директор на мрежата Пиара Пуар изјави дека фудбалските недели се важен период за европскиот фудбал кој ги обединува сите оние кои го гледаат, играат или го водат спортот и поддржуваат инклузија и разновидност низ нејзините структури.
- Ова е големо и растечко движење, нашата цел е да достигнеме до 100.000 луѓе кои директно ќе ги преземаат активностите. Ние ги охрабруваме организациите да се приклучат на кампањата. Сојузот на НВО Вавилон е дел од ова движење и ние сме среќни да се потпреме на нив за да прослават со нас, нагласи Пуар.
Софија Ристова, младински модератор за човекови права од Сојузот на НВО Вавилон изрази задоволство што едукативно забавниот дел од активностите предизвика интересна и забавна интеракција меѓу учесниците, ученици на возраст од околу 14 години.
Спортскиот перформанс беше под водство на наставници по физичко образование. Беше поделен и промотивен материјал. Преку парада од останатите учесници низ градските продавници и кафулиња во Неготино, јавноста се запозне со значењето на ФАРЕ неделите на акција и нивното одбележување.
Претставници од Сојуз на НВО Вавилон Неготино и ФАРЕ упатија охрабрување до сите ангажирани групи за борба против дискриминацијата, да се приклучат на Фудбалските недели кои годинава се одржуваат од 5-19 октомври.
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
