Активен пожар над гевгелиското село Моин

Жители на гевгелиското село Моин попладнево пријавиле дека избувнал пожар на нива во месноста викана Срнак од другата страна на Конска река.
Територијалната противпожарна единица Гевгелија веднаш по дојавата со едно возило и тим пожарникари излегла на терен, но состојбата не била ставена веднаш под контрола, затоа што потпомогната од ветерот горела сува трева над местото викано Краварник. Потоа во гаснењето на пожарот кој се проширил на нискостеблеста шума и се уште е активен се вклучиле три возила и шест пожарникари, како и вработени од шумското стопанство на Гевгелија.
Пожарникарите и шумските работници на лице место во овие моменти рачно работат на обиколување на онгот и негово локализирање.
-Работиме на локализација на опожареното место јужно од Краварникот од каде почна пожарот кој се шири кон поранешнта караула. Објектот не е во опасност исто како и селото и вложуваме максимални напори пожарот да го локализираме и ликвидираме, велат од ТППЕ Гевгелија.
Опожареното место цела вечер ќе биде набљудувано и контролирано од екипи на ТППЕ Гевгелија и работници на гевгелиското шумско стопанство за да не дојде до негово проширување.
Ново на Сител
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
