Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје

САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, и со учество на Египет и Турција, како што се очекува, денеска ќе одржат виртуелен состанок и електронски ќе потпишат меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормуската Теснина и ќе започнат нови преговори за иранската нуклеарна програма, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на свои извори.
Меморандумот за разбирање треба да придонесе за прекин на конфликтите во регионот и потенцијално стабилизирање на глобалните енергетски пазари.
Според извештаите, ова е резултат на речиси тримесечни преговори меѓу Вашингтон и Техеран, кои беа посредувани од Пакистан, Катар, Египет и Турција.
Американски и посреднички извори потврдија дека потпишувањето ќе се одржи виртуелно од логистички причини.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вчера на Икс изјави дека страните се „поблиску до мировен договор од кога било досега“ и дека се очекува договорот да биде финализиран во следните 24 часа, по што ќе следи електронско потпишување, а потоа и технички преговори следната недела.
Набргу потоа, и пакистанското Министерство за надворешни работи потврди дека за денеска е закажана виртуелна церемонија на потпишување.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно вчера на својата мрежа Truth Social изјави дека договорот е закажан за денеска и дека, веднаш по неговото потпишување, Ормуската Теснина ќе биде отворена за сите бродови.
Меѓутоа, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денеска, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, со оценка дека неговото инсистирање на тој рок претставува притисок врз иранскиот преговарачки тим.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
