Ако ви стигне ваква порака на телефонот, немојте да ја отварате и веднаш избришете ја!

Корисниците на Ајфон се предупредени да не отвараат пораки кои на прв поглед личат како да се пратени од компанијата Apple во кои се информираат дека нивниот ИД истекол.
Во прашање е нова верзија на старите измами чија цел е да ги измамат корисниците да кликнат на линк и да укуцаат своето име, лозинка и други лични податоци.
Што е уште полошо, лажната сраница на која ги води линкот (http://signinicloud.com) идентична е со онаа вистинската на Apple (https://appleid.apple.com), што значи дека постои шанса голем број на корисници на Ајфон да бидат измамени.
Многу сопственици добиле порака од AppleInc во која стои дека нивниот Apple ID истекол и дека мораат да кликнат на линкот доколку сакаат да го задржат.
Преварантите многу мудро ги избрале зборовите кои ги користат, па според се на прв поглед порака личи дека потполно легитимна.
Меѓутоа, лажната страница вашите лични податоци ќе ги прати дирекно на хакерите кои можат да ги користат за започнување на измами или можат потполно да го превземат вашиот идентитет.
Погледнете како изгле пораката:

Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
