Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров во Скопје, изречени 156 санкции, уапсени две лица

На 10.06.2026 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачје на општина Ѓорче Петров и Сарај Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа преземени 156 мерки.
Oд нив 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум мерки за возачи кои управуваат велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, три мерки за нерегистрирани мотоцикли, две санкции против возачи почетници.
Изречена е една мерка за незастанување на даден знак стоп и 108 мерки за останати видови на прекршоци меѓу кои за неносење возачка или сообраќајна дозвола, неистакната регистарска таблица, недавање првенство на возила или на пешаци.
За време на акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мотоцикл по член 297а од Кривичниот законик при што лицето е лишено од слобода. Исто така лишен од слобода е еден возач на мотоцикл бидејќи при извршен преглед кај него пронајдена е прашкаста материја, додека еден мотоцикл е привремено одземен бидејќи бил нерегистриран повеќе од една година.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме со сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
