Акциска контрола од СВР Тетово на 54 разни возила

Со акциската контрола што Секторот за внатрешни работи-Тетово ја спровел вчера во пресрет и со започнувањето на новата учебна година, опфатени биле 54 разни возила за јавен превоз на патници како комбиња, автобуси и други возила, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јософовски.
- Од контролираните возила, 53 биле испратени на вонреден технички преглед, при што кај седум констатирана е неисправност, најмногу на сопирачките додека 5 возачи не се јавиле на преглед и ги очекува поднесок и глоба од 400 евра во денарска противвредност колку што изнесува глобата и за неисправните возила. Во едно од контролираните возила откриен е претовар (глоба од 45 евра), едно имало неатестирани фолии, две лица управувале без возачка дозвола, а еден мотоцикл бил предмет на царински прекршок. Утврдените недостатоци санкционирани се со 27 платни налози и 1 покана за наплата на глоба. Осум возила и двајца возачи се исклучени од сообраќај. Покрај ова изречени се и 6 глоби за правно и исто толку за одговорно лице, изјави Јосифовски.
Тој посочи дека покрај спроведувањето на вакви и слични активности, од вчера во значителна мерка зголемено е полициското присуство околу училиштата во Тетово и Тетовско.
Јосифовски најави дека овој и идниот месец ќе следат и бројни превентивни активности во училиштата со кои најпрво ќе бидат опфатени најмладите основци - првачињата каде тие поблиску ќе бидат запознати со сообраќајните знаци и практично ќе им се покаже како и каде да се движат, како да ги преминуваат улиците и да се однесуваат на крстосниците, за нивна максимална безбедност во сообраќајот кога одат или се враќаат од училиште.
Ново на Сител
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
