Македонија
25. January 2017 - 13:10

Акции за заловување на кучиња скитници во Виница

Општина Виница денеска соопшти дека се реализирани две акции за заловување на кучињата скитници во текот на декември и јануари. 

Заловени се 24 кучиња скитници од страна на компанијата која е избрана на тендер и која понатаму треба да ја спроведува законската постапка за нивно соодветно третирање. 

За тендерската постапка, општината има одвоено 127 илјади денари, а оттаму најавуваат дека ќе има уште неколку акции за заловување на кучиња скитници во поголемите населени места во општината и во градот Виница.

Кучињата се заловени на неколку локации во градот и во неколку населени места.