Акции за собирање кабаст отпад во скопските општини

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ преку своите програми за одржување на хигиената на градот и подигање отпад почна нов начин на организирано третирање на кабастиот и инертниот отпад.
Сите граѓани на Скопје, како што информира Град Скопје, имаат можност четири пати во годината бесплатно, на определени локации и договорени термини, до 11 часот претпладне, да ги остават сите свои стари и непотребни предмети со погабаритни големини. Граѓаните можат да оставаат различен вид стар мебел, стари електрични апарати, како и инертен отпад од реновирање, кој е уредно спакуван во вреќи.
Акциите за собирање кабаст отпад по општините ќе се одвиват според следниов план за работа на ЈП „Комунална хигиена“: во општина Центар на 19 и 20 февруари, во општина Аеродром на 26 и 27 февруари, во Кисела Вода на 4 и 5 март. Во општина Гази Баба акцијата ќе биде на 11 и 12 март, во Бутел на 18 и 19 март и во Шуто Оризари на 25 и 26 март.
Граѓаните во текот на годината можат да се јават и да ги повикаат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ да дојдат и да го подигнат овој вид отпад од нивните домови, но со симболична наплата на услугата. Граѓани имаат можност бесплатно во кое било време со свој превоз овој вид на отпад да го одложат во рециклажниот двор во Карпош и во новоизградениот Рециклажен двор во Вардариште.
Ново на Сител
-

Пакистан: Во тек се преговори меѓу САД и Иран за намалување на тензиите во Ормуската Теснина
-

Четворица починати од вирусот на Западен Нил во Грција
-

Даночно затајување од 12,6 милиони денари - кривично пријавени две лица и фирма
-

Jа заклучил вратата и им кажал да бегаат: 15 Колумбијки, Србинки и Албанки уапсени во Гостивар
-

Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос
-

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30
-

Американскиот Црвен крст предупреди на критичен недостиг на крвни резерви во САД
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
