Ајфеловата кула вечерва ќе свети во боите на белгиското знаме

Ајфеловата кула вечерва ќе биде осветлена во боите на белгиското знаме во чест на жртвите од серијата напади во Брисел, најави градоначалничката на Париз Ан Идалго, која ги повика сограѓаните на мирен собир во 19:00 часот пред Собранието, во знак на солидарност со Белгија.
- Симболот на Париз ќе свети во црна, жолта и црвена боја со цел да се оддаде почит на жртвите, нивните сакани и целиот народ на Белгија, наведе Идалго во соопштението.
-Европа денеска е погодена во своето срце. Уште еднаш се нападнати нејзините основни вредности: слободата, хуманоста, толеранцијата и непоколебливата посветеност на демократијата, оцени градоначалничката на Париз.
Во трите експолозии кои утрово одекнаа во Брисел загинаа вкупно најмалку 34, а 170 лица се повредени.
Ново на Сител
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
