Ајфеловата кула е помалку посетена по атентатите

Во 2015 година Ајфеловата кула ја посетија околу 7 милиони лица, поточно 6,91 милиони, од кои 80% се странци, но сепак посетеноста на најпознатиот споменик во Париз е за 2,5% помала во споредба со 2014 година кога старата „железна дама“ ја посетија 7,1 милиони лица, јавува дописникот на МИА од Париз.
Бројките беа соопштени од претпријатието задолжено за управување со Ајефловата кула (СЕТЕ).
„Пред трагичните настани кои ја погодија престолнината во ноември 2015, посетеноста беше во пораст од 1%“ – се вели во соопштението за јавноста.
Според дирекцијата, посетеноста петнаесетина дена по атентатите се намали на 10.000-15.000 дневно, наместо вообичаените 15.000-20.000. Притоа споменикот беше затворен два дена за гости. За време на божиќните празници посетеноста достигна 22.000 дневно.
Најбројни гости од странство се Американците, потоа Канаѓаните, следени од Британците, Шпанците и Италијанците.
Ново на Сител
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
