АХВ: Спроведни 738 вонредни контроли

Пропусти во поглед на почитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и недоследности во однос на општите хигиенски услови и продажба на производи со изминат рок на употреба, како и пропусти во редовното водење записи за спроведување на добри хигиенски практики, утврдени се при контролите што ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство. За утврдените недоследности, донесени се 32 решенија за нивно отстранување, изречени се 46 мерки едукација и две парични казни.
Како што информираат од АХВ, 738 вондредни контроли спровеле инспекторите за храна и официјалните ветеринари во изминатите две недели, во продавници, супер маркети, угостителски објекти и месарници, од стартот на засилените инспекциски контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна да ги спроведува кај операторите со храна, од 16 март годинава.
Засилените контроли, велат од АХВ, се спроведуваат како дел од активностите на Агенцијата за намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, во рамки на кои се вршат проверки дали операторите со храна покрај, основните и посебните услови за производство, дистрибуција и трговија со храна, ги почитуваат и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести, за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства и објектите за трговија, со цел намалување на потенцијалната опасност од ширење на коронавирусот.
Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува на бизнис операторите со храна да ги почитуваат донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за справување со корона вирусот и неодамна објавените препораки од АХВ за безбедно работење во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
