АХВ: Храната во Леар била исправна, мензата чиста

Храната во Леар каде 23 лица пријавија лесни симптоми на труење, била соодветно дистрибуирана, чувана и послужена, во оригиналното пакување и со адекватен рок на употреба, а мензата ги исполнува хигиенските услови поради што не е изречена мерка за нејзино времено затворање, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Инспектори на АХВ во соработка со Санитарната инспекција вчера направија вонредна контрола во тетовската фабрика.
- Со цел утврдување на причините за појавата на труењето, инспекциските служби земаа мостри за лабораториско испитување од храната која била послужена, од работните површини во мензата, како и од вработеното лице кое ја послужувало храната, а на кое му било извршено и дополнителен здравствен преглед, информира АХВ.
Агенцијата ќе продолжи да го следи случајот и да ја информира јавноста за секоја новина врзана со него.
Воедно апелира во услови на високи температури и зголемен ризик од расипување на храната и појава на труења, граѓаните да внимаваат од каде купуваат храна, да ја набавуваат од регистрирани оператори каде што се запазени безбедносните критериуми и да водат сметка на личната и хигиената при подготовката и чувањето на храната.
Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата лично, на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 или на електронската адреса info@fva.gov.mk.
Ново на Сител
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
