Ахмети: Сочувствувам со семејствата на жртвите од подмолниот вирус и апелирам за масовна вакцинација

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети преку објава на својата официјална Фејсбук страница упати апел до сите граѓани за максимална вакцинација и во исто време изрази искрено сочувство до семејствата на починатите од КОВИД19.
Ахмети во оваа прилика напиша дека тој и неговото семејство се вакцинирани од месец мај оваа година бидејќи тоа е единствениот начин преку кој можеме да се справиме со овој смртоносен вирус КОВИД19.
Претседателот Ахмети, исто така рече дека веќе секој ден добиваме кобни вести и тоа од нашиот најблизок круг. Според него, само во последните 24 часа од неговиот круг, од КОВИД19 починал братот на неговиот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на неговиот пријател Невзат Бејта.
Ова е целосната објава на Ахмети на Фејсбук:
Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус COVID19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани.
Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа, братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат исто така.
Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и апелирам за масовна ВАКЦИНАЦИЈА и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена.
Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!
Демократска Унија за Интеграција
Ново на Сител
-

Радев соопшти дека мандатот за формирање нова влада на Бугарија ќе го даде по Нова Година
-

Тошковски на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од петарди
-

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
-

Денеска се празнува Свети Никола Чудотвроец, архиепископ Мирликијски
-

Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности
