Живот
10. May 2018 - 12:59

Агонија снимена од камерите: Жена испрскана со киселина влета во продавница, врескајќи и барајќи помош

На снимката се гледа како несреќната девојка влегува во дуќан во Лондон вриштејќи и брајќи вода.

Таа неколку моменти пред тоа била жртва на напад со киселина во автобус каде непозната девојка и ја испрскала устата и косата.

Девојката (18) паднала на подот од продавницата во трговски центар и на снимката се гледа како очајно се обидува да ја испере устата со шишенче вода.

Сопственикот на продавницата Мухамед Рафик вели дека неколку моменти пред тоа влетала во продавницата вриштејќи: „Помогнете ми, горам“.

Како што подоцна самата признала, намерно била избрана како мета. Неофицијално се дознава дека жртвата учествувала во тепачка во еден автобус.